Откажан концертот на Џос Стоун поради лошото време во Скопје

„Невремето предизвика сериозни оштетувања на комплетната продукциска опрема, како и на просторот наменет за одржување на вечерашниот концерт на Џос Стоун“, изјавуваат од Авалон.

По спроведената проценка на ситуацијата, тие потврдуваат дека нема никакви услови за салата и продукциската опрема да бидат доведени во состојба што би овозможила дури и минимални услови за безбедно изведување на концертот.

„Дополнително, добивме информации дека постои можност за повторно невреме помеѓу 21 и 22:30 часот, па поради безбедносни причини, не постојат никакви услови концертот да се реализира“, нагласуваат од Авалон.

Сите детали околу повратот на средствата ќе бидат соопштени во текот на утрешниот ден, додаваат од компанијата.