Освежување за сите верзии на „петката“

BMW подготвува обновување на еден од најпосакуваните модели, кои рака на срце во последно време во остварувањето на продажните рекорди на баварската компанија има клучна улога.

Во однос на дизајнот нема некакви посериозни новини, но сепак седанот и Touring варијантата имаат променета структура на долните вмукувачи за воздух, додека на задниот спојлер има дополнителен елемент. Како резултат на фејслифтингот задните светла изгледаат малку поостро. Кај варијантата Gran Turismo има зголемување на обемот на багажникот за 60 литри и сега неговиот волумен изнесува 500l. Во внатрешноста на седанот и Touring верзијата има повеќе хром, додека преградите за дребулии и држачите за чаши добија поинаква модификација. Сите модели добиваат стандардни ксенонски светла со опција за приспособливи предни LED светла. Меѓу другите новини се трепкачите, кои се интегрирани во страничните ретровизори, низата нови опции за бои на ентериерот и екстериерот, како и за тркалата.

519_bmw5-470-1

Модифицираниот BMW 518d е нов дизел во палетата. Агрегатот е четирицилиндерски со моќност од 143 КЅ и може да се нарача како за седанот, така и за Touring варијантата. Најмоќниот мотор е новиот V8 со 450 коњи, а оптимизирана е и верзијата ActiveHybrid 5.

879_bmw5-470-2 798_bmw5-470-3

Текстот е објавен во соработка со Авто Плус

- Реклама -