Според информациите кои стигнаа од Бразил, Citroen може да го подложи својот субкомпактен модел C3 на редовно освежување.
Претставена пред три години, втората генерација на C3 сè уште се смета за доволно свеж и модерен автомобил, но тоа можеби и не е пречка за подобро претставување на домашен терен. Citroen на салонот на автомобилите во Париз веројатно ќе ја претстави неговата освежена верзија, за која деталите веќе се објавени во Бразил.
Како што може и да се очекува, се работи за минорни стилски промени концентрирани на предниот дел и млако облагородување на внатрешноста. Продажбата на новиот C3 во Бразил ќе започне во август, со пар flex-fuel мотори од 1,5 и 1,6 литри со 93 и 122 КС, кога работат на етанол. Во Бразил досега се продаваше претходната генерација на C3.
Објавено во соработка со Авто Плус.