ОСВЕЖУВАЊЕ ЗА KIA SPORTAGE

Корејскиот кросовер добива дотерување, со кое се освежува екстериерот и ентериерот на моделот.

348_Kia-Sportage-470-2

Kia се посамоуверено се претвора во еден од најсилните играчи на автомобилскиот пазар, затоа и не е случајно што сака секогаш да биде во чекор со модата. Корејците официјално го открија дотерувањето на својот кросовер Sportage. Освежениот кросовер добива изменета предна маска, како и нови светла за магла. Освен тоа како опција Sportage може да биде опремен со предни HID и задни LED светла. Промените во внатрешноста не се многу, но сосема доволни. Корејскиот кросовер доаѓа со екстра стандардна опрема, која вклучува модернизиран управувачки столб, наклонети задни седишта, како и систем за вентилација за нив. Моделот може да биде опремен со пакет Premium, кој има кожен тапацир, вентилација за предните седишта, панорамски покрив и GPS навигација со SiriusXM Traffic. Конечно доаѓа и инфо забавниот систем UVO кој може да се поврзува со интернет преку smartphone.

631_Kia-Sportage-1000-4

Што се однесува до опциите под хаубата, има нов 2.4-литарски GDI мотор кој генерира 182 КЅ и 239 Nm. Тој е комбиниран со шест-брзински автоматски менувач, кој ja оптимизира просечната потрошувачка на моделот.

793_Kia-Sportage-470-3

 

Teкстот е објавен во соработка со avtoplus.mk

- Реклама -