Освежената Opel Mokka со два нови мотори

Opel започна тестови на обновената верзија на својот популарен кросовер Mokka. Некои медиуми веќе објавија шпиунски фотографии на прототипот од тестирањата, а откриваат и детали за моделот, чија продажба ќе стартува во 2016 година.

Најголемите новини за кросоверот се во агрегатската понуда. Во бензинската понуда се два нови турбо мотори, првиот е со зафатнина од 1,0 литар, нудејќи моќност од 110 КЅ, познат од новата генерација на Astra, а вториот е 1,4-литарски, кој располага со 150 КЅ. Само пред еден месец Opel Mokka доби и нов дизелски мотор кој нуди помала потрошувачка на гориво и намалена емисија на CO2. Од компанијата најавија дека овој агрегат ги исполнува Euro6 стандардите, а тоа ќе важи и за двата нови бензински мотори.

Што се однесува до измените во изгледот, тие се минимални. Обновената Mokka ќе биде биде опремена со нови браници, фарови и различна маска на ладилникот. Во ентериерот на кросоверот ќе се појават нови седишта и информациско-забавен систем IntelliLink.

- Реклама -