Осум работи со кои секој пат ќе му го привлечете вниманието

Во секојдневниот ритам, со сите одговорности во животот, често знаеме да го занемариме партнерот.

За да не дојде до заладување на односите, и да останат убавите работи кои ве поврзуваат, не заборавајте на малите нешта кои прават голема разлика и ве обединуваат. Одбравме 8 работи кои ќе направат разлика и ќе го привлечат вниманието на вашиот маж секој пат кога во мислите се оддалечувате еден од друг.

1. Дајте му до знаење дека се гордеете со него

Мажите сакаат со нив да се чувствувате горди, но тоа нема директно да ви го каже. Дајте му до знаење дека се гордеете со неговите професионални достигнувања и поддршката што ви ја дава во животот. Покажете му го тоа кога ќе стигне дома по многу напорниот ден кој го поминал на работа, нека види дека сте свесни за неговите напори и дека сте заинтересирани за сите детали од неговиот живот.

2. Потсетете го на луда ноќ во спалната соба

Оваа изјава е толку заводлива и игрива што вие дефинитивно ќе ви го подобри расположението додека ги извршувате секојдневните задолженија. Сексот е многу важна работа во врската и бракот, па дури и ако не е првата работа која ви паѓа на ум. Потсетете го на вашите топли игри во кревет, тоа е добро за вашата врска. Така, исто така, му давате до знаење дека страсната епизода ќе се репризира што е можно поскоро.

3. Обичната благодарност прави чуда

Обичната благодарност може многу да значи и да го разубави денот, каков и да бил. Пред да си го прераскажете денот како ви поминал, заблагодарете се му се на пратнерот за нешто што претходно го направил. Направете го тоа, дури како навидум неважен гест, како на пример за сликите кои ви ги испратил претходно за да ве насмее.

4. Изненадете го со покана на пијачка или вечера

Изненадете го со непланиран излез на вечера или само обична чаша вино во интимна атмосфера во вашето омилено кафуле. Тоа може да биде многу секси. Покрај тоа, спонтаоста ќе ве потсети дека она што ви е заедничко не се само обврските, стабилноста и посветеноста, туку и уживањето и добрата забава.

5. Покажете му дека не сте љубоморни

Ако за време на вашиот состанок забележите дека некоја жена со посебен интерес го гледа вашиот партнер, дајте му до знаење дека сте го приметиле тоа и покажете му дека сте среќни што е ваш. Направете го тоа без страв дека другата ќе го привлече партнерот. Тоа нема да ја загрози вашата врска- партнерот малку ќе ја нахрани својата самодоверба и во едно му давате до знаење дека сте среќни во врската и дека не сте ни малку љубоморни или несигурни.

6. Пофалете го неговиот одличен избор на подароци

Мажите се прилично несигурни кога купуваат подароци за своите партнерки. Затоа, ако вашиот партнер ви подарувал нешто што навистина ве направило среќни, дајте му го тоа до знаење. Не заборавајте да споменете дека од пријателите поради подарокот сте добиле многу комплименти. Така ќе го наградите неговиот правилен избор, а во исто време ги зголемувате шансите да добиете нешто слично. На мажите им е најважно да се чувствуваат почитувани.

7. Дајте му нежност и грижа и истото очекувајте го од него

Пред вие и вашиот партнер станете возрасни, одговорни и самостојни личности, секој од вас од време на време сака некој друг малку да се грижи за него. Кажете му дека треба да се одмори, да отиде порано на спиење или измасирајте го. Дајте му малку нежност и секако, очекувајте го истото од него, бидејќи тоа безусловно давање и примање е многу важно за зачувување на врската или бракот.

8. Со забава зачинете ја врската

Забавувајте се и зачинете ја врската со некоја забавна опклада. На пример, обложете се како ќе заврши филмот и дајте си секси „казни“. И со ова, малку необичен натпреварувачки дух ќе ја зацврстите и зачините вашата врска.

- Реклама -