Остварен сонот на Да Винчи (видео)

ОрнитоптерОна што во списите на Леонардо да Винчи го има само како скица и што вечно останало негов неостварен сон, орнитоптерот, беше создадено од еден канадски студент, кој исто така изврши и успешен пробен лет.

Она што во списите на Леонардо да Винчи го има само како скица и што вечно останало негов неостварен сон, орнитоптерот, беше создадено од еден канадски студент, кој исто така изврши и успешен пробен лет.

ОрнитоптерТод Рајхарт, студент по инженерство од Канада, изработи орнитоптер, летало што како погон ја користи само силата на пилотот и чии крила мафтаат како крилја на птица, нешто што не му успеало дури ни на големиот иноватор Леонардо да Винчи.

Леталото го има наречено Сноубрд, и со него успеа да прелета 145 метри и леташе 19, 3 секунди. Истото има тежина од 42 килограми и постигна просечна брзина од 25,6 км на час.

{vimeo}15168317{/vimeo}

Но, оние поскептичните сигурно ќе забележат оти овој подвиг можеби и не е толку голем колку што изгледа на прв поглед. Сепак, леталото полета со помош на влечната сила од автомобилот во кој се наоѓа камерата и леташе сѐ додека не го загуби моментумот.

- Реклама -