Островот за кој се караа Индија и Бангладеш исчезна во морето

bangladesh_island_24.03.10Малиот остров во Бенгалскиот залив, околу кој со години спореа Индија и Бангладеш, заврши потопен од растечкиот океан.


_47528431_bangladesh_island_24.03.10Малиот остров во Бенгалскиот залив, околу кој со години спореа Индија и Бангладеш, заврши потопен од растечкиот океан.

Ненаселениот остров, кој во Индија го нарекуваат Њу Мур, а во Бангладеш Јужен Талпати, се наоѓа 2 километри јужно од устието на рекат Хариабанг, а новите сателитски снимки покажуваат дека целиот остров, порано со големина 3×3,5km, е потопен под вода.

Највисоката точка на островот порано беше два метри над морето, а научниците објаснуваат дека морето во овој дел од Бенгалскиот залив во последново десетлетие растело многу побрзо отколку во претходните 15 години. Се очекува истото да им се случи и на други острови во оваа област.

Спорот околу островот кој со години го водеа Индија и Бангладеш сега е завршен. „Она што овие две земји не можеа да го постигнат со зборување, беше решено со помош на глобалното затоплување.“ вели професорот Сугата Хазра од Џадапур Униоверзитетот во Калкута. „Секој оној што сега ќе сака да го посети островот, ќе мора да размисли за патување со подморница.“ [Disputed Bay of Bengal island ‘vanishes’ say scientists]

- Реклама -