Светски познатиот илузионист Дејвид Коперфилд плати сума од 50 милиони долари во 2006 година, за да го купи островот Musha Cay на Бахамите.
По 5 години влог и потрошени вкупно 40 милиони долари, Коперфилд веќе го нарекува островот “најмагичната дестинација во светот”.
Тој исто така стекнува и други 10 соседни острови, со што составува архипелаг, познат како Islands of Copperfield Bay.
Денес Musha Cay е толку познат, што на него почиваат личности како Опра Винфри, Бил Гејтс и Џони Деп, а основачот на Google, Сергеј Брин тука склучи брак со веќе поранешната сопруга Ен Војчицки.
Островот може да го изнајми и било кој од нас, но неговата цена изнесува 57 000 долари од вечер. Musha Cay е идеално место за релаксација и авантури.
Вашите (до 24) гости можат да отседнат во вкупно 5 одделни куќи, лоцирани на островот.
Вкупно 11-те острови на Коперфилд располагаат со 40 приватни плажи.
А сега малку и за можностите кои ги нуди Musha Cay.
Можете да вечерате во Balinese Beach Pavilion.
Или да вечерате на брегот.
Во случај да сакате романтична вечера – тоа може да е дури и во водата.
Одморот на плажа исто така треба да е на ниво.
Можете да се забавувате со фитнес, тенис, велосипедизам, риболов, нуркање, одбојка, риболов или возење на авион, сурфање и сл.
На крајот на денот можете да уживате и со гледање на некој од најновите филмови.