Остров со кој владеат мачки

Армија мачки скитници запоседнала оддалечен јапонски остров во Аошима, кој е сега познат под името Остров на мачки.

Бројот на жители драстично се намалил откако голем број млади луѓе се отселиле во потрага по работа, па односот на животните и луѓето изнесува шест према еден.

На островот дол 1.600 метри живеат повеќе од 120 мачки.

На кучињата им е забранет влез на територијата на островот Аошима, а после првиот поглед на фотографиите станува јасно зошто е тоа така.

580763_20150303reutersthomas-peteraoshimadi007359238preview_ff

Мачките го завземале секој квадратен метар од земјиштето. Се шетаат по улиците и спијат по напуштените куќи.

Немаат непријатели и се чувствуваат слободни.

На островот долг 1.600 метри тие биле доведени за да се изборат со глувците кои ги уништувале рибарските чамци. Кога ги истребиле глувците, почнале да се множат, толку многу што станало проблем.

Прочитајте и:  Истражување: Јапонците најмалку уживаат во љубовниот живот

Туристите, меѓутоа, не се жалат, особено не оние кои сакаат мачки. Иако на Аошима нема реторан ниту продавница, голем број посетители доаѓаат во овој дел од светот за да го видат големото освојување на домашните миленичиња, а воедно и да ги хранат.

580769_20150303reutersthomas-peteraoshimadi007359245preview_ff

– Видов многу мачки и една застрашувачка жена која излезе да ги храни. Беше забавно и дефинитивно би сакал да дојдам повторно, вели Макико Јамаски (27).

Животните не се пребирливи и преживуваат воглавно благодарение на храната од луѓето. Засега срерилизирани се десетина мачки.

 

- Реклама -