Дали некогаш сте сонувале да имате сопствен остров? Британецот Риши Сова првпат го остварил овој свој сон во 1998 година кога го изградил својот прв Спирален Остров. Островот бил поставен на околу 250 илјади пластични шишиња и бил 20 метри долг и 16 метри широк.

Спиралниот остров на Риши Сова бил сместен во лагуна во близината на Порто Авентурас, на карибскиот брег на Мексико, но за жал бил уништен од ураган. Затоа, во 2007 година Риши со помош од неколку доброволци започнал од почеток. Новиот остров наречен Спирален Остров II е изграден на основа од околу 100 илјади пластични шишиња и има дијаметар од 20 метри. На новиот остров има плажи, куќа, две мали езерца, водопад (со помош на електрична пумпа), река и нормално соларни панели.