Во Њујорк решија сериозно да се пресметаат со сите кои се занимаваат со фалсификување на познатите брендови.Бидејќи веројатно е тешко да се пронајде изворот, односно да се казнат произведувачите на ваквата роба, властите одлучија да „удрат“ по другиот крај на ланецот, односно да ги казнат сите оние кои ја купуваат.
Законот кој за прв пат беше предложен во 2011-та година, вели дека купувањето на фалсификувана роба се смета за прекршок од прва класа, а купецот ќе се казнува со парична казна од 1000 долари до година дена затвор, доколку се верува дека знаел дека производот е копија на основа на цената, квалитетот или локацијата на која е превземен.
За среќа на љубителите на добрите реплики, се уште не е готово. Да би бил усвоен законот прво мора да помине на јавна расправа. Конечната одлука ќе се знае во наредните неколку месеци.