Основано заедничко тело на Коалицијата ВЛЕН

Како што најавивме, со одлука на Политичкото координативно тело на ВЛЕН денес се формираше Комисија за прашањата на изборите, именувањата и надзор на спроведување на политиките во формат кој брои 8 членови од сите партии кои се дел од коалицијата.

Надлежностите на ова второ коалициско тело се да биде последен филтер на сите кадровски одлуки на ВЛЕН и воедно да врши надзор на спроведување на нашите програмски заложби со единствена цел – зголемена ефикасност во имплементација на политиките.

Оваа одлука е континуитет на одлучноста на лидерите на партиите кои се дел од коалицијата ВЛЕН за постепена внатрешна интеграција заради зголемување на ефикасноста во испорака на предизборните ветувања и заедничко сихронизирано политичко делување.

Непосредна волја на гласачите е ВЛЕН да стане симбол за сенародното обединување на Албанците.
Затоа, ние сме должни тоа да го испорачаме и да ги исполниме очекувањата на Албанците.

Следен чекор е промоција на новата заедничка веб страна, сите коалициони канали за комуникација со кои ќе раководи заеднички Центар за комуникации со јавноста, како што ќе биде именуван и портпарол на коалицијата. Полека но сигурно прераснуваме во одлучна политичка сила
за сигурна иднина за Албанците.

Со почит,

Коалиција ВЛЕН

- Реклама -