Основачот на GoPro Ник Вудман сака да ја раскажува приказната за тоа како создавањето на првата GoPro камера била инспирирана од сурфање.
Сега водните играчки на милијардерот – извршниот директор, веќе вклучуваат и јахта. Вудман порачал јахта долга 55 метри од холданската компанија Amels.
Бродот, кој се очекува да биде доставен во 2017 година, има четири палуби и располага со џакузи, платформа за скокање и отворени места за јадење. Засега не е јасно колку ќе плати Вудман за јахтата, но 55-метарскиот брод на Amels се продава по цена меѓу 35 и 40 милиони долари, пишува CNBC. 55-метарската јахта на Amels е идеална за сопствениците кои купуваат јахта за прв пат. Таа е со капацитет за 14 лица и екипаж од 12 или 13 луѓе. Многу е погодна за обиколување низ Карибите или Средоземното Море. На една од палубите има одвоен простор за многу водени играчки, на кои може да се постават камери GoPro, вклучувајќи и авиони и подводни скутери, а исто така има и простор за слетување на хеликоптери.
Трошоците за одржување на слична јахта обично изнесуваат помеѓу 3 и 4 милиони долари годишно, а ова вклучува трошоци за екипажот, техничка поддршка, гориво и такси за престој.
Amels е во топ три компании за јахти, заедно со Lurssen и Feadship. Нејзината серија на 55-метарски јахти е најмалата и воедно најпопуларната. Јахтата на Вудман е нарачана порано во текот на годината. Овие јахти сепак се градат за околу две години, па таа сигурно нема да му биде доставена пред 2017 година.
Портпаролот на Amels изјавил дека компанијата во моментов гради 10 јахти со различни големини. Моментот е погоден за државните купувачи на јахти поради скапиот долар. Јахта со цена од 30 милиони долари, на пример, требаше да го чини американскиот купувач 41.5 милиони долари минатото лето, додека сега чини околу 33 милиони долари, што е за 8,5 милиони долари помалку.