Османи за портпаролот на ЕУ: Изјавите на Стано за мосотот на Ибар се расистички, дијалогот со Србија за тоа е противуставен

Косовската претседателка, Вјоса Османи вели дека изјавите на портпаролот на Европската унија, Петер Стано во врска со отворањето на мостот на реката Ибар, се „расистички“ и доколку се постапи како што тој бара, односно прашањето да се разговара со Србија, тоа ќе биде против Уставот и против суверенитетот на Косово, јави дописникот на МИА од Приштина.

Стано деновиве изјави дека доколку властите во Приштина преземат еднострани дејствија за отворање на мосотот кој го дели градот Митровица на јужен дел, населен со мнозинство Албанци и северен, со мнозинство Срби, Европската унија може да преземе дополнителни санкции кон Косово.

Косовската претседателка за време на денешниот престој во Липјан, пред новинарите изјави дека Словакот Стано не ги прашува соседните земји кога поминува некој мост во неговата земја, па следствено, порача таа, ни Србија не треба да се прашува за мост на територијата на Косово.

„Што се однесува до ЕУ, изјавите на портпаролот на овие институции се пред се расистички, така што не верувам дека заслужуваат поголемо внимание од моја страна. Јас цело време зборував против тие нивни расистички изјави. Нема никаква причина и јас на секој начин се противам на дискусијата во Брисел за прашањето за отворање на мостот. Немаме што да ја прауваме Србија, исто како и овој портпарол – мислам дека е од Словачка – кој не прашува ниту една од соседните земји кога го поминува сопствениот мост. Значи, нема што да се прашува Србија за мост на територијата на Република Косово“, рече Османи.

Прочитајте и:  Османи: Секое загрозување на правата на Албанците во С. Македонија ќе наиде на решително противење и единство на Албанците од цел Балкан

Таа порача дека никој во Косово „не смее да прифати дијалог со Србија на оваа тема“, а координацијата со сојузниците е пред сé во интерес на Косово.

„Ова (диајлогот со Белград) би било против уставот и против суверенитетот на Косово, но дијалогот со нашите спасители, не само што е потребен и неопходен, туку пред сé е во наш интерес“, рече Османи.

- Реклама -