Денешното „НЕ“ од Бугарија за преговарачката рамка за Македонија за членство во ЕУ, може различно да се толкува. Барем така тврди министерот за надворешни работи Бујар Османи.
Во изјава за „10 МИНУТИ“ на „ТВ21“, тој посочи дека министерскиот совет на кој требаше да се усвои преговарачката рамка, а кој беше закажан за 10 ноември, денеска се одложи за една седмица, односно ќе се одржи на 17 ноември. Според него, тоа значи дека постои дополнителен простор и време за да може да се најде „одредено разбирање за да продолжи овој процес“:
„Денеска не успеале земјите членки да усогласат текст; некој тоа може да го интерпретира како вето, друг може да го интерпретира едноставно како давање можност да се разговара понатаму во овие наредни 7 дена, за да можеме и ние билатерално, но и претседателството – чија улога е да прави усогласување помеѓу земјите членки, да дојдеме до решение“.