Зголемување на бројот на заpaзени со коpoнавирусот ќе значи и повторно стапување во сила на таканаречените тврди мерки против ширењето на Ковид-19, најави вицепремиерот Бујар Османи денеска во „Утрински Брифинг“ на „Слободна ТВ“.
Османи вели дека вчера имал подолг разговор со здравствените работници и потенцира дека клучниот параметар, односно услов за олеснување на рестриктивните мерки е во период од 14 дена бројот на потврдени нови случаи од спроведените тестирања за коронавирус да изнесува помалку од 5%.
„Ние 13 дена имаме 4.5%, вчера на 14-от ден имавме 10%. Затоа денеска ќе треба да видиме кој е бројот. Доколку е повторно под 5% од тестираните, вчера било некој инцидeнт, но доколку е повеќе, ни се пopeметува тој критериум“, рече Османи.
Тој додаде дека врз основа на нискиот број на нови случаи во наведените 13 дена денеска се отвора вториот пакет за олеснување на мерките:
„Ја почнуваме втората фаза на отварање на бизнисите, при што Комисијата за заразни болети има предвидено точни протоколи на постапување за да се почне со работа. Тука се моловите, рестораните, јавниот превоз. Значи денес или утре ќе се одлучи дали се влегува во втората фаза“, рече Османи.
Во интервјуто во „Утрински брифинг“, Османи го критикуваше и вчерашното непочитување на мерките при ѓурѓовденската литија во Струга, а зборуваше и за ЕУ преговорите, можната блокада од Бугарија и условите кои треба да бидат задоволени за да се одржат избopи во овој период. Прочитајте ТУКА.