„Нема никаков договор со ВМРО-ДПМНЕ, а нема договор ни со СДСМ“, реагираше доцна синоќа Бујар Османи за „ТВ21“, само половина откако за „360 степени“ одговори дека нема коментар за информациите објавени во дел од медиумите на албански јазик – дека ДУИ и ВМРО-ДПМНЕ се договориле за влада и премиер да биде Лазар Еленовски, кој ќе се декларира и како Албанец, поради албанското потекло на мајка му.
Во изјавата за „ТВ21“, Османи посочи и дека ДУИ не е изворот зад овие информации.
По информациите во медиумите на албански, со своја верзија излезе и порталот „Плусинфо“. Порталот тврди дека информациите на медиумите на албански јазик потекнуваат од партиски извори во директна врска со преговарачите, но дека во однос на премиерската позиција се преговара една година премиерот да е од ДУИ, а следните три премиерот да е од ВМРО-ДПМНЕ.