„Разбрав дека господинот Бујар Османи, актуелен министер за надворешни работи и претседателски кандидат на ДУИ, не ме поканил на вечера/ифтар заедно со останатите, каде планира да разговараат за избор на европски претседател.
Мојот одговор, пред малку даден и за ,Слободен печат’, е следниот:
Прво, Османи, очигледно, прави свои ,црни листи’ на подобни и неподобни. За Јакимовски му е јасна поентата (се наоѓа на американска црна листа), но за мене, можеби, знае нешто што јас не го знам…“, напиша професорката Ванковска во објава на социјалните мрежи.
Понатаму, таа додава:
„Второ, разговор за избор на ЕВРОПСКИ ПРЕТСЕДАТЕЛ не ме интересира, бидејќи јас се кадидирам за МАКЕДОНСКИ ПРЕТСЕДАТЕЛ. Мојата легитимација ќе ја барам од мојот народ и од никој друг (па таман да е и ЕУ).
Трето, да организираш гоштевање за ифтар во време кога деца умираат од глад во Газа е во најмала рака непристојно и нечовечно. Јас оваа година, мислите, мојата емпатија и меѓународна солидарност ги упатувам кон Палестина и тешко ми е да прифатам пост и ифтари во време на геноцид. Интересно е што Османи ниту еднаш не изрази сочувство или солидарност со Палестинците. Останав јас сама со кефијата околу мене.
Нека им е на здравје вечерата на тие што ќе ја прифатат! Јас не припаѓам во тоа друштво”, порача Ванковска.