Османи: Ја постигнавме целта, ДУИ е во позиција да избере прв премиер Албанец

Сите албански партии постизборно да се обединат за да добијат прв премиер Албанец, повика шефот на изборниот штаб на ДУИ – Бујар Османи, на прес-конференцијата по завршувањето на гласањето.

Според Османи, во ДУИ се уверени дека ја постигнале целта на овие избори:

„Од тоа што го знаеме, ние сме уверени сме дека ја постигнавме нашата изборна цел да го доведеме ДУИ во позиција да го избере идниот премиер Албанец“, рече Османи, ветувајќи дека ќе работат со сите сили да го исполнат тоа што го ветиле.

Османи додаде дека Албанците се клучен фактор на овие избори и ги повика сите да се обединат околу концептот за прв премиер Албанец.

Прочитајте и:  „Левица“ најави кривична пријава за Гаши поради Предлог-законот за бранители, спикерот ќе бара да заседава Комисијата за деловнички прашања

- Реклама -