Османи: Со една изборна добива ДУИ, губат Албанците

На ДУИ повеќе му одговара една изборна единица зашто партијата би добила 2 пратеника повече, вели Бујар Османи, но се грижи за вкупниот број пратеници Албанци во Парламентот.

„Вистина е дека една изборна единица повеќе му одговара на ДУИ, затоа што математиката вели дека ДУИ како најголема албанска партија може да земе два пратеника повеќе со една изборна единица отколку со шест, но ќе се намали бројот на албански пратеници, за 8 до 10 пратеника.

Па сега вие оценете дали е подобро ДУИ да добие два пратеника повеќе или Албанците да загубат осум или 10 пратеници. Еве вие кажете дали е нормално ДУИ да прифати такво нешто“, рече Османи.

ДУИ поднесе 5.000 амандмани против измените на заканот со кои Македонија ќе биде една изборна единицица со отворени листи, а премиерот Заев ги повика да ги повлечат зашто ја доведуваат под знак прашање коалицијата.

- Реклама -