„Шансите да бидете позитивни или да имате контакт со некој кој е позитивен во последните денови е многу голем“, предупреди утрово вицепремиерот и шеф на владиниот Кризен штаб – Бујар Османи, најавувајќи дека во последните 24 часа бројката на новозаразени е уште позагрижувачка од вчера, кога беа регистрирани 62 нови случаи.
„Затоа“, апелира Османи, „ве повикувам да се однесувате како да сте позитивни и како секој со кого сте во контакт да е позитивен.
Не е потребно многу да се заштитите:
– не верувајте во теориите на заговор
– маската го намалува преносот за 79%
Не биди причина за смртта на најблиските“, додава тој.