Костените се еден од најпрепознатливите симболи на есента, а поради топлата боја, пријатниот мирис и одличниот вкус се едно од најпопуларните плодови. Корисни се поради витамините, но и како козметичка состојка.
Нашите стари предци отсекогаш знаеле како природно да се ослободат од нешто, а еден од тие методи вклучувал и како да се ослободат од пајаците во домот. Не само што костените се добри како декорација, вкусни кога се печени или варени, тие служат и како стар трик на нашите баби во кој костенот имал главна улога.
Како да се ослободите од пајаците со костените?
Главната цел на овој метод е трајно отстранување на пајаците од домовите. Во зима, кога температурите се ниски и влажноста се зголемува, пајаците бараат топли и суви места за да се сокријат, а куќите се совршени локации за нив. Иако можеби е невозможно да се спречи нивното влегување бидејќи лесно се пробиваат низ мали отвори, ова едноставно решение може да ги намали.
Костените ставени на прозорците испуштаат мирис кој ги отфрла пајаците. Нивната арома ги држи подалеку. За да го подобрите мирисот, можете да направите мали дупки во плодовите. Ако ги поставите во неколку агли од куќата, можете да се заштитите од пајаци без да трошите пари на различни средства.
За да немате многу вакви инсекти оваа зима, пробајте го овој трик.