Ослабете повеќе со пешачење

Ослабете со пешачењеАко омилена активност за одржување на здравјето ви е пешачењето, тогаш треба да знаете дека постојат неколку трикови со кои ќе го подобрите искуството и што е уште поважно, побргу ќе ја намалите телесната тежина.

Набавете штеки

Ако при пешачењето користите штеки за нордиско скијање, ќе согорувате во просек, по 20% повеќе енергија, со тоа што ќе ги вклучите рацете и целиот горен дел од телото во вежбата. Закачете ги штеките зад себе, под агол од 45 степени и поттурнете се нанапред.

Одбегнувајте ги стрмните ридови

Доколку не сте подготвени кондиционо, т.е. сте во почетните фази на вашата рутина, тогаш одбегнувајте ги стрмните ридови. Многу поефективно за вашето тело е да ја задржите брзината со која сте се движеле, на умерено стрмен рид, отколку значително да забавите на некој исклучително стрмен.

Користете ги рацете

Ако не користите штеки, тогаш мафтајте со свитканите раце, како да трчате во трка. Движењето ќе има двоен ефект. Од една страна ќе направи да се движите побрзо, а од друга, ќе согорите повеќе калории.

Правете помали чекори

Најдобар начин да ја зголемите брзината и да согорите повеќе енергија е да правите помали чекори при пешачењето. Изодете 100 чекори, мерејќи го времето. Одморете една минута, потоа направете уште 100 чекори, но обидете се да намалите барем една секунда од времето. Повторете ја вежбата 12 пати.

Одберете си цели што се гледаат

Во пешачењето (како и при трчање) многу е полесно да се мотивирате доколку си одберете некоја цел до која треба да стигнете (сообраќаен знак, дрво, некоја куќа, клупа итн.). Забрзајте додека да стигнете до зацртаната цел, а на враќање, забавете го темпото.

Избришете се од подлогата

Кога ги движите нозете, правете го тоа во еден бран, почнувајќи од бутовите, па постепено надолу, додека не стигнете до стапалото. Тогаш со патиките оттурнете се од подлогата, како да се обидувате да одлепите нешто што се залепило. На тој начин ќе вклучите повеќе мускули, а со тоа ќе бидат потрошени и повеќе калории.

Купете си патики

За да извлечете поголема корист од пешачењето, купете си нови патики, со најтенка можна подлога и најголема флексибилност кај прстите.

Исправете се

Кога грбот ви е исправен, мускулите во грбот и задникот ви овозможуваат поголема цврстина, со што добивате поголема брзина и согорувате повеќе енергија. Ушите и рамената постојано нека ви бидат во иста линија со колковите.

- Реклама -