Брајан Дебиндер изгубила половина од својата тежина (55кг) за да го импресионира својот идол, Џастин Бибер.
20-годишната Брајан од Пенсилвенија се подложила на драстични диети само да му го украде погледот на поп-ѕвездата.
Оваа студентка по психологија станала опседната со канадската ѕвезда кога во 2009-та година за прв пат слушнала негова песна на MTV.
Затоа што станала љубоморна на девојките кои Џастин ги качувал на сцената, таа одлучила својата тежина од 120 килограми да ја намали на 65 килограми.
Брајан никогаш немала момче и вели дека е заљубена во Џастин и сака да знае дека тој и го променил животот.