Малик Бенџелул, шведскиот оскаровец и режисер, познат по документарниот филм „Searching For Sugar Man“ , бил пронајден мртов во својот дом, откако извршил самоубиство на 36 години.
Полицијата одбила да изнесе детали за смртта, но ја исклучила насилната смрт.
„Можам да потврдам дека станува збор за самоубиство и дека некое време беше депресивен“, изјави братот на режисерот.
Малик Бенџелул е роден 1977 година во гратчето Јистад, од татко Алжирец и мајка Швеѓанка.