Оскаровецот Корд Џеферсон на Сараево Филм Фестивал

Корд Џеферсон, наградуваниот американски сценарист и режисер, добитник на Оскар и Еми, беше гостин на 30 тото издание на Сараевски филмски фестивал.

Тој одржа мастерклас во Босанскиот културен центар и зборуваше за неговиот филм American Fiction.

На вечерната проекција на филмот, Корд Џеферсон се обрати на публиката, која го поздрави неговото режисерско деби наградено со Оскар со голем аплауз во салата исполнет до последно место.

Сараевскиот филмски фестивал започна на 16 август и ќе трае до 23 август

- Реклама -