Оштетен телекомуникациски кабел што ги поврзува Финска и Шведска

Телекомуникациски кабел што ги поврзува Финска и Шведска синоќа е оштетен, а финската полиција се сомнева дека е сторено кривично дело.

– Сериозно ја сфаќаме ситуацијата, напиша на Икс финскиот министер за транспорт и врски Лулу Ране.

Шведската управа за телекомуникации (ПТС) потврди дека интернет кабелот бил оштетен на два места на територијата на Финска.

Од ноември тоа е трет инцидент со оштетени телекомуникациски кабли во нордискиот и балтичкиот регион.

Во ноември, за краток временски период беа оштетени два оптички кабли во Балтичкото Море односно кабелот што ги поврзува Шведска и Литванија и Шведска и Германија.

Прочитајте и:  Шолц: Украинските бегалци мора да најдат работа или да се вратат дома
- Реклама -