Осамениот император (видео)

пингвинИмператор пингвин се нашол на плажа во Нов Зеланд, 3,200 километри од Антарктикот. Експертите веруваат дека младиот осамен пингвин се загубил, пливајќи во водите околу Антарктик тој најверојатно се упатил во погрешна насока по што ја поминал огромната далечина до Нов Зеланд.

И покрај малите шанси птицата висока 80 сантиметри – за која се верува дека е стара десет месеци – пристигнала на Kapiti Coast каде што била забележана од еден од локалните жители. Експертите велат дека луѓето не би требало да го вознемируваат пингвинот и да ги чуваат кучињата врзани бидејќи пингвините касаат кога се чувствуваат загрозени.

{youtube}LteWsilqeGg{/youtube}

Од Управата за Конзервација велат дека нема да го пренесат пингвинот до Антарктик бидејќи така би можеле да прошират потенцијални болести во популацијата на император пингвини, тие се надеваат дека тој самиот ќе реши да се врати во морето. „Неверојатно е да се види еден од овие пингвини овде. Необични животни од Антарктик го посетуваат нашиот брег од време на време, но не знаеме зошто.“

Претходно само еднаш бил забележан ваков пингвин во Нов Зеланд. Во 1967 година еден од нив ја посетил плажата Орети во Саутленд. Император пингвините се најголемите пингвини, возрасните единки растат достигнуваат над еден метар висина и тежина до 30 килограми. Тие се хранат со риба, ракчиња, лигњи и голем број морски безрбетници и се носители на рекордот за најдлабоко нуркање – 450 метри длабочина и 11 минути под вода.

- Реклама -