Оружје за масовно описменување

За прославата на Светскиот ден на книгата и оваа година аргентинскиот уметник Раул Лемесоф создаде еден од своите познати „книжни тенкови“.

Конкретно годинава, тој започнува со најосновните делови на Ford Falcon од 1979 година, кои ги  искористи за да изгради библиотека на тркала со надворешна рамка, која може да превезе 900 бесплатни книги.

Лемесов својот проект го нарекува милитаристички библиотеки “Weapons of Mass Instruction ” – оружје за масовно обука, и го вози по улиците низ Аргентина, со тоа што им подарува книги на сите кои што сакаат, доколку ветат дека ќе ја прочитаат.

Книги, а не војна, е индиректно пораката која се обидува да ја пренесе уметникот.

Фотографиите подолу откриваат уште детали за овој интересен проект.

books-1 books-3 books-4 books-5 books-6 books-7 books-8 books-10

- Реклама -