Орце Камчев со рекордна понуда: 14 милиони евра гаранција за да излезе од притвор

Бизнисменот Орце Камчев понудил имот вреден околу 14 милиони евра за да биде пуштен од притвор, дознава „Телма“. Според нивните сознанија, се работи за негов и имот во сопственост на неговото семејство. Кривичниот суд ќе решава дали ќе ја прифати понудата следната недела, а треба да се изјасни и СЈО.

Минатата недела Камчев доби продолжување на притворот за уште 30 дена за случајот „Империја“, поради сомнеж дека постои опасност од бегство, но и можност да влијае на сведоци.

Барем од тоа што стигна до јавноста, ова е најголемата понуда за гаранција од притворените досега.

 

Повеќе на Телма.

- Реклама -