Орсолини постигна гол за Болоња и погледна кон небото – кон Михајловиќ (ВИДЕО)

Фудбалерите на Болоња по само шест минути постигнаа гол на вечерашната пресметка на домашен терен против Аталанта и тоа преку Рикардо Орсилини (види ТУКА), кој веднаш емотивно погледна кон небото.

Тоа значеше поглед кон доскорешниот тренер Синиша Михајловиќ, кој почина пред неколку недели како последица на долгата борба со леукемија. Неговиот потег предизвика емоции на трибините, каде што навивачите на Болоња имаа транспаренти со кои се збогуваа со својот миленик. 

Овој погодок значеше водство на домашните во првото полувреме, но гостите веднаш по стартот на второто изедначија преку Купмејнерс, за пред да мине еден час Хојлунд донесе целосен пресврт за тимот од Бергамо.

- Реклама -