Ви претставуваме уште еден лесен, вкусен и универзален рецепт за мезе.
Состојки:
– 2 чаши варен бел ориз – ладен, најсоодветно е ориз за суши;
– 1/2 чаша рендан пармезан;
– 3 јајца;
– 8 мали коцки моцарела;
– 1 чаша трошки од леб;
– Масло за пржење
Чекор по чекор како да направите оризови топчиња со пермезан и моцарела:
Во сад ставете ориз, рендан пермезан и едно јајце. Добро промешајте со раце за да се искомбинира добро смесата. Ако смесата не стане хомогена, може да се распадне при пржењето.
Поделете ја смесата на осум еднакви делови. Во средината на секое ставете по едно парче моцарела.
Оформете осум идентични топки
Измешајте ги останатите две јајца. Потопете ја секоја топка прво во јајцата, а потоа тркалајте ги во трошките. Пржете на жешко масло до добивањето на златеникава кора. Маслото треба речиси да ги покрива оризовите топки. Користете лажица за пржење со дупчиња. Готовите топки оставете ги врз кујнска хартија, која ќе го впие вишокот на масти.
Послужете ги топките топли со сос по избор.