Растејќи, сказните беа голем дел од нашиот живот.
Начинот на кој што ние ги знаеме овие приказни е многу поразличен од она што прво се појавило … љубопитни?
Подгответе се за изненадување…
Малечката сирена (The Little Mermaid)
Во филмот на Disney Ариел се претвора во девојка, се мажи за Ерик со кој живеат среќно до крајот на животот. Но оригиналната приказна на Ханс Кристијан Андерсон е сосема поинаква. Наместо да го изгуби гласот кога ќе стане девојка, Морската Вештерка и го пресекува јазикот, а кога оди се чувствува како да стапнува по остри ножеви. А принцот се заљубува во друга принцеза. На крајот, за да стане повторно сирена, Ариел мора да го убие принцот, или да се самоубие скокајќи во морето и претворајќи се во пена. Таа го одбира второто.
Заспаната убавица (Sleeping Beauty)
Во оригиналната приказна на Жанбатиста Басил, откако (оригинално Талија) Аурора заспива, ја наоѓа крал ( кој патем е женет) ја силува и си оди дома. Таа се буди девет месеци подоцна кога се раѓаат близнаците што ги носела. Жената на кралот дознава за ова и пробува да ги зготви децата и сервира на кралот како оброк. Дознаваат за нејзиниот план и ја усмртуваат, а Аурора и кралот остануваат заедно.
Пепелашка (Cinderella)
Во оригиналната приказна на Браќата Грим, таткото на Пепелашка не е починат, туку едноставно дозволил нејзината маќеа и ќерките да ја третираат како слугинка. Откако се враќа татко и еднаш од пат, двете сестри добиваат облека и накит,а Пепелашка само гранка од дрво. Таа ја засадува гранката на гробот на мајка си, каде расте магично дрво со бели птици кои и ги исполнуваат желбите. Што значи добрата вила не постои во оригиналната приказна.
Кога станува збор за чевличката, за да им биде точна, сестрите си ги сечат прстите и петите, но тоа не им успева и Пепелашка се мажи со принцот. Сестрите не стигнуваат на нивната свадба, бидејќи белите птици од магичното дрво им ги колваат очите.
Покахонтас (Pocahontas)
Покахонтас била вистинска личност која живеела во Вирџинија. Во 1607-та година Џон Смит бил киднапиран од страна на нејзиното племе. Таа го спасила на сличен начин како во филмот – ставајќи ја својата глава врз неговата. Ова предизвикало привремено примирје помеѓу Британците и домородното население на Америка – подоцна страстите се распламуваат поради големите барања на Британците од племето. Потоа, 12-годишната Покахонтас е киднапирана од другата страна и натерана да стане Христијанка и да се омажи за Британецот Џон Ролф. Никогаш не се вратила во Америка ниту пак го видела своето семејство.
Убавицата и Ѕверот (Beauty and the Beast)
Во оригиналната приказна, Ѕверот ја пушта Бел да си оди дома на една недела, да ја посети фамилијата. Додека е таму, нејзините љубоморни сестри ја убедуваат да остане повеќе од една недела, со цел да го налутат Ѕверот и тој да ја изеде. За среќа, ова не им успева.
Пинокио (Pinochio)
Од приказната на Карло Колоди, до филмот на Disney има неколку разлики. Како за почеток, Пинокио по грешка го убива Џими штурецот , но се враќа како дух кој го следи Пинокио насекаде со цел да го заштити од мачката и лисицата. Кога го сретнуваат во заседа, Пинокио се брани со тоа што ги одгризува шепите на мачката. А Сината Вила, поточно нејзиниот подвижен труп (зомби) останува да живее некое време со Пинокио и Џепето.
Златокоса (Tangled)
Браќата Грим се тука да уништат уште една од омилените бајки. Во нивната приказна, Рапинзел забременува од принцот пред да избега и злобната волшебничка дознава за тоа. Па, логичната работа да ја направи злобната волшебничка е да ја исече долгата, цврста коса на Рапинзел и да ја остави во дивината. Кога принцот се враќа во кулата да ја види Рапинзел, волшебничката ја употребува нејзината коса да го намами внатре, а потоа му вели дека никогаш повторно нема да ја види Рапинзел. Но, тој бега скокајќи од кулата, паѓајќи во една грмушка и ослепува. Тој скита слеп, додека Рапинзел раѓа близнаци, и тој е воден кон неа кога ќе го чуе низниниот глас. Таа плаче над неговите очи, од чии солзи тој прогледува. Тие се враќаат во замокот на принцот и живеат среќно до крајот на животот.