Divinus е збирка од интересeн мебел во различни форми и големини, создадени од страна на бразилскиот дизајнер Тати Гимараеш. Таа создава ниски маси со помош на полирани парчиња дрво и празни шишиња од вино, кои се одличен акцент за дневната соба.
Одржливите маси не се најсоодветни за исхрана, но се супер погодни за сервирање на мезе, пијалаци и овошје. Освен како ногарки за масата, празните шишиња имаат уште една практично апликација – служат како вазни за цвеќе и држачи за свеќи. Освен што даваат интересно шмекче на домот, креативниот мебел е начин за корисна употреба на инаку неупотребливите шишиња. Би си направиле ли ваков мебел за дома?