Жените со високо образование потешко доживуваат оргазам

Иако денес се чини дека феноменот на оргазмот е целосно истражен, сексолозите што секојдневно се бават со него откриваат некои нови интересни сознанија во врска со сексуалниот климакс за кој сите секојдневно копнееме.

Просек

Во просек, женскиот оргазам трае само 1,7 секунди, додека машкиот е подолг и трае околу 12,4 секунди. Според анализите за тоа колку често луѓето доживуваат оргазми во текот на животот, жените уживаат во ова задоволство еден час и 24 секунди од животот, додека мажите „трошат“ девет часа и 18 секунди од животот на оргазми.

Интелект

Интелектуалните способности, исто така, влијаат на шансите за доживување оргазам. Околу 84 отсто од мажите повеќе уживаат во сексот доколу нивната партнерка е интелектуално инфериорна, додека, пак, жените имаат поголеми шанси да доживеат оргазам ако партнерите им се интелектуално супериорни. Околу 62 отсто од жените со високо образование имаaт проблеми со постигнување на сексуалниот врв, додека кај жените со пониско образование овој процент е понизок и изнесува околу 38 отсто. Се изведува заклучокот дека што помалку е образована жената, толку се повисоки шансите таа да доживее оргазам. Особено ако се земе предвид фактот дека 55 отсто од жените што завршиле факултет никогаш не ја доживеале убавината на оргазмот, додека 70 отсто од жените што не завршиле ни средно образование немаат никакви проблеми на сексуален план.

Ејакулација

При сексуалниот врв, спермата може да помине релација од 1,5 метар, а нејзината брзина изнесува 45 километри на час. Мажите обично ејакулираат по три до четири пати за време на еден оргазам. Од друга страна, само 17 отсто жени се способни да доживеат повеќекратни оргазми кои траат 20 до 30 секнди.

- Реклама -