Плажата Оревче и оваа година е главната локација за забава покрај брегот на Охридското Езеро со богата програма со дневни и ноќни забави со светски и реномирани артисти, поддржани од најквалитетното од домашната електронска сцена.
Како и секоја година, програмата е исполнета со имиња од независната сцена, а забавите започнуваат од 6 јули со дневни забави со Spectromanski и Милан Серафимов, а следниот викенд, на 13 јули е првата вечерна забава со Yudhisthira, DJ Shev, DJ Melange, Starchild (feat. Adi Imeri), DJ A.B. и декорација од Lundareco.
Дневните забави продолжуваат и во наредните денови, а за забавата ќе се погрижат Кристијан Молнар, Дадо К и Мамли, Игор Циге, Chrisot, Дани Л, Issa C., Дарко Спасовски, Redon Robi.
Следната ноќна забава на Оревче е на 26 јули со DJ Alexandar, Heysson I Fedelo, Nasty Deluxe и Philip Ackowsky. Секојдневните денски журки продолжуваат и следните денови со имиња како After Affair, Jansky, Нино Наумов, Илина Ангел, Стефано, Деловски, Invictoz, Flowzy, Blu, Велјко Јовиќ, Лобор Д, Олга Корол, Митрик и Самарџиски, Адвек, Silo, Dejan Dex, Djarto, Milensi, Кристијан Несторовски, Јулијана Милутиновиќ, а програмата завршува на 11 август со дневна журка со Indog.
Веќе добро познатиот подиум и одличните коктели на плажата Оревче и оваа година се подготвени да им овозможат на сите љубители на електронската музика нови незаборавни моменти покрај брегот на Охридското Езеро.