Унгарија не сакаше да учествува денеска во донесувањето на „лошата одлука“ на Европскиот совет за почеток на преговорите за членство на Украина во ЕУ и остана настрана од оваа одлука, објави премиерот Виктор Орбан на својата Фејсбук страница.
„Но, 26-те земји-членки беа категорични дека таа одлука треба да биде донесена, така што Унгарија одлучи дека ако 26-те одлучат така, тие треба да одат по својот пат. Унгарија не сакаше да биде вклучена во таа лоша одлука и затоа остана настрана од неа, рече Орбан.
Дипломатите на ЕУ тврдат дека унгарскиот премиер не бил во салата, каде се одржуваше самитот, но знаел и се согласил другите лидери да гласаат за Украина во негово отсуство, пренесуваат западните агенции.