Орбан: Веќе не ѝ даваме пари на Украина додека не објасни каде отидоа претходните 70 милијарди евра

Премиерот на Унгарија, Виктор Орбан денеска изјави дека Будимпешта не се согласува со плановите на Европска комисија за доделување на дополнителни средства на Украина.

Тој истакна дека Унгарија не е подготвена да обезбеди дополнителни пари за финансирање на зголемените трошоци за сервисирање на долгот на ЕУ, посочи Орбан.

„Едно е јасно, ние Унгарците повеќе нема да и даваме пари на Украина додека таа не објасни каде отидоа претходните 70 милијарди евра. И оценуваме дека е крајно смешно и апсурдно што треба дополнително да ги финансираме трошоците за отплата на кредитот од кој сè уште не сме добиле средства, а имаме право на тоа“, истакна Орбан.

Прочитајте и:  Џо Роган: Бајден и Зеленски сакаат светска војна, Кличко му одговори - тоа е руска пропаганда

МИА

- Реклама -