Орбан: Украина веќе не е суверена земја, нема ни пари ни оружје

Унгарскиот премиер Виктор Орбан во Будимпешта даде интервју за германскиот весник „Ди Велт“, во кое го искажа својот став за текот на војната во Украина. Тој смета дека Киев ќе остане без војници пред Москва. За да ја спасат Украина, САД и Русија треба да преговараат за мир, тврди унгарскиот премиер.

И покрај првичните успеси на украинската контраофанзива, Орбан сепак смета дека победата на Украина против Русија е „невозможна“.

„Проблемот е што Украинците ќе останат без војници порано од Русите. И тоа ќе биде одлучувачки фактор на крајот“, рече тој.

Затоа, тврди тој, „секогаш се залага за мир, мир, мир“. Во спротивно, Украина ќе изгуби огромно богатство и многу животи, и ќе има незамисливо уништување, вели Орбан.

Прочитајте и:  „Дејли мејл“: Севернокорејските војници во Русија прв пат со пристап до Интернет, го користат за... порно

Орбан тврди дека му е важно да биде спасена Украина. Единствена можност за тоа гледа во „Американците да започнат преговори со Русите и да склучат договор за безбедносната архитектура и да најдат место за Украина во таа безбедносна архитектура“.

Тој, исто така, го оспори единственото право на Украина да одлучува за текот на војната:

„Украина повеќе не е суверена земја. Тие немаат пари, немаат оружје. Тие можат да се борат само затоа што ние, Западот, ги поддржуваме“.

МИА

- Реклама -