Унгарскиот премиер Виктор Орбан го прекина молкот во однос на барањето на азил на екс-премиерот Никола Груевски, во вчерашно гостување на една од локалните радио станици во земјата, каде што објасни дека досега Унгарија примила многу вакви политички азиланти, но никој досега, во последните 30 години „не бил на нивото на Груевски“.
Како што објави Македонска нација, премиерот Орбан го прекина молкот врз информациите во врска со азилот на Груевски, објаснувајќи дека екс-премиерот на Република Македонија бил клучен во битката за справување со мигрантскиот бран, обезбедувајќи ги надворешните граници на Европа.
Како што вели унгарскиот премиер, Груевски е човек кој добро знае да ги третира своите сојузници, особено европските партнери, а тоа се докажало и за време на мигрантската криза во текот на 2015/16 година кога Македонија беше првата брана за спречување на нелегалните мигранти.
Орбан додава дека Груевски бил под константни напади од Џорџ Сорос, но и неговите луѓе во Македонија кои денес се на власт, и вршат политички прогон врз него.