Орбан на 26 и 27 септември во официјална посета на Македонија

Унгарскиот премиер Виктор Орбан заедно со делегација од унгарската Влада, на 26 и 27 септември ќе престојува во дводневна официјална посета на земјава, информира владината прес-служба.

Премиерот Христијан Мицкоски во петок ќе оствари официјална тет а тет средба со неговиот унгарски колега во премиерската вила во Охрид, а во рамки на посетата ќе се остварат и низа билатерални средби на македонските министри со ресорните колеги од унгарската делегација.

Во петок ќе се одржи и заедничка меѓувладина седница во хотелот Инекс Олгица во Охрид, а по завршувањето на  седницата на истата локација се очекува прес-конференција да одржат двајцата премиери.

Како што информираат од Владата, на маргините на дводневната посета предвидена е прошетка во Охрид, посета на црквата Богородица Перивлепта, Античкиот театар и манастирскиот комплекс Свети Наум, а премиерите на двете земји ќе положат цвеќе пред споменикот на Свети Кирил и Методиј во Охрид. 

Прочитајте и:  Орбан: Опасноста од ескалација на војната никогаш не била поголема
- Реклама -