Опција што секој прелистувач треба да ја има? „Копче за паника“ за да скриете што и да правите ако некој ненадејно ви влета во соба

Opera GX – прелистувачот наменет пред сè за гејмери, доби „копче за паника“ за да скриете што и да правите на Интернет ако некој ненадејно ви влезе во соба.

Со активирањето на „копчето“/опцијата, инстанто запира репродукцијата на аудио/видео содржини и прелистувачот отвора нов таб/прозорец. Копчето за паника се активира со едноставно притискање на F12 на тастатурата, кое е тешко да го помешате со некое друго и нема премногу други важни намени.

Прелистувачот ви овозможува да преселектирате „безбедни дестинации“ кои ќе се отворат во новиот прозорец кога ќе притиснете F12 за да ја маскираат вашата претходна активност во очите на оној кој ненадејно влетал во собата, а по дифолт како такви понудени се YouTube, Twitch и Wikipedia.

За да се вратите на претходните отворени табови кога ќе помине „опасноста“, сè што треба е повторно да притиснете F12.

За да го овозможите „копчето за паника“, мора да ја вклучите опцијата „Early bird“ во сетинзите на прелистувачот.

Корисниците се шегуваат (а можеби и не) дека секој прелистувач треба да има ваква опција, која би била корисна во низа ситуации, а не само во оние кои први ви паднаа на ум.

- Реклама -