Да се биде продавач на Android смартфон воопшто не е лесно кога на пазарот го има Samsung кој постојано е во центарот на вниманието со моќните перформанси на своите уреди и одличен маркетинг на пазарот.
Но, LG скоро е единствениот втор продавач во светот кој успеа да оствари профит од продажбата на своите Android телефони.
Последниот претставник на компанијата продолжува да достигнува неверојатна продажба, она што не можеше да го оствари ниеден телефон на LG, објавувајќи дека продажбата на Optimus G Pro во Јужна Кореја достигна 1 милион уреди. LG успеа да ја достигне оваа бројка за 4 месеци, а за 40 дена телефонот бил продаден во повеќе од 500.000 примероци што е рекорд за фирмата.
Optimus G Pro има дисплеј од 5.5 инчи со 1080р, 4-јадрен процесор, батерија од 3149mAh, 2GB RAM меморија, 4G LTE конекција, 32GB внтрешна меморија, microSD картичка и главна камера од 13МР.
Текстот е објавен во соработка со telefoni.com.mk