Нашите мозоци имаат развиено неверојатни тактики и механизми за разбирање на сложениот свет кој нè опкружува.
Но некои делови на нашите високо приспособливи умови не се совршени и можат да бидат измамени преку внимателно направени илузии.
Гледајте во носот на оваа жена 10 секунди. Потоа преминете брзо и погледнете кон светлосната површина. Нејзиното лице ќе се појави во полна боја.
Притиснете ги очите. Кога ќе ги отворите, би требало да можете да видите познато лице.
Овие автомобили се со апсолутно исти димензии. Тоа е т.н. илузија понцо, при што нашиот мозок суди за големината на предметот према растојанието на кое се наоѓа.
Изгледа како овие подвижни точки да ја менуваат бојата и кружат околу центарот. Но фокусирајте ги очите на една од нив и ќе забележите дека таа останува во иста боја и не се врти.
Овој парк во Париз изгледа како огромен 3D глобус …
…Но всушност е целосно рамен.
Кој портокалов круг ви изгледа поголем? Всушност, тие се со еднаква големина.
Кога еден објект е опкружен од поголемите објекти, изгледа многу помал отколку што навистина е.
Благодарение на осветлувањето и бојата на овие геометриски форми се создава илузија на движење.
Овие слики не се анимирани, но човечкиот мозок ги гледа како такви.
Ова е едноставна илузија, но многу ефектна.