Кога на врата би им се појавил некој уметник и би побарал да им ги наслика фасадите од куќите, голем дел од соседите би му кажале да си шара на својата куќа. Но швајцарскиот уметник Фелис Варини имал повеќе среќа, а мештаните од гратчето Vercorin му допуштија нивните куќи да ги искористи за да направи интересна оптичка илузија. Варини на нивните куќи нацрта кругови, така што гледано од далеку изгледа како местото да е „под лупа“.

Фелис Варини е швајцарски уметник познат по своите геометриско перспективни соби (дел од нив можете да погледнете тука). Овие оптички илузии си поигруваат со човечката перцепција така што во тродимензионалните простори се перцепираат дводимензионални форми.
Во својот последен проект Верини го прифати предизвикот да работи на нешто многу покрупно – да направи оптичка илузија која ќе се протега низ цело гратче. Станува збор за гратчето Vercorin на швајцарските Алпи. Во внатрешноста на гратчето насликаните кругови се фрагментирани и невозможно е да се видат во целина. Меѓутоа од далечина, линиите се формираат во серија од кругови.
Како успеал Верини да направи еден ваков грандиозен проект? Начинот е толку едноставен колку што е воодушевувачки – линиите се проектирани директно на градот од избрана гледна точка и дури потоа тие се насликани.