Според порталот „Скопје1“, 1ТВ – на која Бојан Јовановски е неформален сопственик, барала од Општина Охрид да ѝ исплати 3 милиони денари за наводни услуги кои телевизијата ќе ги дала на градот во 2019-та година. Во 2018-та, пак, градот платил 1.2 милион денари на контото на 1ТВ.
Според порталот, овојпат до тоа не дошло најмногу поради тоа што Охрид доби нов градоначалник на предвремени избори – Константин Георгиевски (од редовите на СДСМ), кој категорично го одбил барањето истакнувајќи дека нема законска можност за такви милионски исплати. Друг фактор бил што високите функционери на СДСМ кои ургирале во 2018-та, според неофицијалните извори на „Скопје1“, прво се исплашиле, а подоцна биле и сменети од партиската „метла“.
Во колумните на Бранко Героски лицето кое барало пари за Боки се именува како „Кики“, додава „Скопје1“, како и дека Зоран Милески – Кичеец немал поврзаност со овие пари.