Од годинава, за секое новороденче Општина Аеродром ќе исплаќа по 8.000 денари, соопштија денеска од општината. Досега субвенцијата изнесуваше 5.000 денари.
„Во буџетот за 2020 година предвидовме зголемување на поддршката за нороворенчињата, со цел да ги олесниме трошоците на граѓаните и на тој начин да создадеме подобра иднина за сите“, изјави градоначалникот Златко Марин.
Потребните документи за аплицирање се наведени во Барањето за доделување еднократна парична помош на семејствата со новороденче родено во 2020 година на подрачјето на Општина Аеродром. Формуларот може да се добие во Архивата на Општината или да се симне од веб-страницата на Општина Аеродром на следниов линк: http://www.aerodrom.gov.mk/dokumenti/formulari.