Нејзиното его е во својот врв, па дури ни мајка ѝ менаџерот не може да ја убеди дека овој пат сепак- претерала!
Кога Ким Кардашиан е во прашање, тогаш се мора да биле големо и претерано. Убава и згодна, го храни своето его со многубројни „лајкови“ на социјалните мрежи и понатаму ѝ дава на публиката што сака. Сепак, нејзините „селфи“ слики отишле малку предалеку.
58-годишната мама Крис ја нарекла својата ќерка Ким „опседната“ бидејќи направила над илјада и двеста „селфи“ слики за време на нивниот одмор на Тајланд.
Крис се обидела да ја предупреди својата ќерка, но залудно бидејќи Ким не слушала многу затоа што била зафатена позирајќи пред својот телефон.
Постојат ли граници во светот на Кардашиан- се чини не.