Оppo N1 е првиот паметен телефон со ротирачка камера

Кинескиот производител Oppo официјално го претстави најновиот паметен телефон од висока класа со Android OS, кој го носи иметоN1.

Moделот работи со најновата верзија на сопствената платформа на компанијата Соlor OS, која е базирана на Android 4.2 OS. Екранот на уредот е со дијагонала од 5,9 инчи и поддржува Full HD резолуција, а корисниците можат да работат со него дури и со ракавици.

Телефонот има пластично куќиште и ќе биде достапен во бела и црна боја, така што корисниците можат да изберат меѓу верзии со 16GB или 32GB внатрешна меморија. Телефонот нема слот за microSD картичка, а целосните димензии на Oppo N1 се 170,7 х82, 6х9 милиметри со тежина од 213 грама. Моделот се напојува со quad-core Snapdragon процесор 600, кој работи на1, 7GHz и е надополнет од 2GB RAM и Adreno 320 графички чип.

2e42cacf50a4fad6bd0fa292097c4778

Во задниот дел е вметната уникатна 13-мегапикселна камера со CMOS сензор и f2 / 0 леќа, која може да се ротира 206 степени и е изградена од 67 различни компоненти. Таа е опремена со двоен LED блиц и со свој Owl Imaging процесор на Oppo, а интересно е дека компанијата имала посебни тестови со оваа компонента на N1. Според неа камерата може да работи стабилно, дури и ако се користи над 100 илјади пати, што значи дека ако секој ден се користи по 40 пати, телефонот за 7 години ќе работи како нов.

Оppo N1 поддржува Wi-Fi 802.11ac, Bluetooth 4.0 и NFC, има батерија 3610mAh и неговата цена е околу € 420.

Текстот е објавен во соработка со SocialNet.Mk

- Реклама -